Затворена фабриката „Пејпер мил“ во Кочани

14.01.2021 13:59

Фабриката „Пеjпeр мил“ беше посочена како најголем загадувач на воздухот во Кочани, што предизвика и неколку граѓански протести. На крајот од минатата година Државниот инспекторат за животна средина ѝ изрече казна од 20 илјади евра...

Фабриката за хартија „Пејпер мил“ од Кочани престана со работа, 120 работници добија известување од денес да не доаѓаат на работа.

„Производствениот процес е целосно запрен, но работниците сè уште не се отпуштени. Како ќе се одвиват работите понатаму зависи од бугарската страна. Одлуката е донесена вчера, а причината за затворањето е што нема исплатливост за понатамошно работење ако се користи метан како енергенс, како што наложи Државниот инспекторат за животна средина“ – изјави Игор Тасевски, одговорно лице во „Пејпер мил“.

Фабриката „Пеjпeр мил“ беше посочена како најголем загадувач на воздухот во Кочани, што предизвика и неколку граѓански протести. На крајот од минатата година Државниот инспекторат за животна средина ѝ изрече казна од 20 илјади евра и нареди како енергенс наместо пелети да користи метан, сѐ до инсталирањето на вреќест филтер во фабричкиот оџак.