Собрание

Продолжи дебатата за пописот, партиите и натаму со дијаметрално спротивни ставови

14.01.2021 15:03

Во Собранието продолжи дебатата за пописот. ВМРО- ДПМНЕ и коалцијата бараат да се повлече Законот за попис од собраниската дебата. Велат спроведувањето мора да се темели на консензус за да се спроведе статистичка операција со доверба. Нема да дозволиме народот да трпи штета, пописот ќе се одржи оваа година, не смее да се одоговлекува- став на СДСМ...

Втор ден секој со својата песна од собраниската говорница за Законот за попис. Опозицијата бара одложување и се сомнева во лажирање на податоците, власта уверува- пописот ќе биде според европските стандарди.

ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се повлече Предлог- законот за попис од собраниската дебата и да се организира меѓупартиска и внатредржавна дебата на целата територија на државата. Не може методологијата за попис да се утврдува со подзаконски акти, коментира пратеничката Сиљановска.

Пописот ќе биде спроведен според највисоките меѓународни стандарди, дигитализиран и согласно со прописите на Евростат уверуваат од СДСМ. По 19 години на нашата земја ѝ е неопходен попис, за рамномерен развој, за креирање нови долгорочни развојни политики. Не може ништо да биде фингирано, посочуваат Социјалдемократите поради електронскиот регистар на населението, кој ќе биде поврзан со уредите за попис. Податоците ќе бидат споредувани со податоците од 10 институции и дополително ќе бидат проверувани.

Пописот според предвиденото треба да се одржи овој април.

 

Миле Ристески