Зеолит- минерал на иднината

15.01.2021 09:35

Зеолитот е најсилен природен антиоксиданс пронајден на земјата. И во записите на Нострадамус се вели дека на земјата ќе се појави камен кој ќе лечи се. И древните источни цивилизации на Кина и Јапонија, го употребувале за лекување на луѓе, билки и животни. Поради чудотворните дејства во Јапонија го нарекуваат магичен камен. Во Грција го нарекуваат камен на животот, во Африка го викаат златен прав. Науката вели дека тој е минерал на иднината.

Зеолитот е кристален камен од вулканско потекло со нежно бела до зеленкаста боја. Тој е мек и кршлив како креда. Додека се наоѓа во природата, во таква состојба, воопшто нема активни својства. Ги добива со термичка обработка по висока технологија во 4 фази. Од Светската Федерална агенција за испитување на храна и пијалоци добива статус на диететски суплемент со лековити дејства. Досега во светот се пронајдени околу 200 видови зеолит, но, не е секој за човечка употреба. Постојат кристални влакнести и лиснати. Клиноптилолитот е видот што е корисен за човекот, а неговите состојки не се содржани во ништо друго на земјата. Тој е клучен минерал во составот на човечката клетка и тој и ја дава цврстината, регенерира, ја забавува забрзаната делба на клетките и го поттикнува создавањето нови клетки. Зеолитот е голем борец против канцерот.

Клиноптилолитот е многу редок и малку го има на земјата, а го има овде на Балканот. Зеолитот е повреден и од платината , златото, среброто и дијамантите, бидејќи неговата корист не се споредува со ниеден скапоцен метал минерал или кристал. Тој е единствен лек против радијација. Нуклеарните катастрофи во Фукушима во Јапонија како и во Чернобил се ублажени со помош на зеолитот. Прочистува вода, воздух, земја, и се што е загадено. Тој е најмоќен актиоксиданс. Се издвојува по неговата структура изгледа како пчелино саќе, во чии шуплини се наоѓа вода пребогата со минерали. Неговата тродимензионална структура има негативен елктрицитет и негативни јони кои се исклучително корисни за човекот, затоа што сите микроби, канцерогени клетки и вируси, се со позитивен елктрицитет. Затоа една лажичка зеолит растворена во млака вода делува веднаш со голема брзина ги отстранува штетните материи влегувајќи низ лимфата во тенкото црево и доаѓа до клеточните мембрани, кои се оштетени од разни токсини. Клетките со оштетена мембрана не можат да се заштитат и се напаѓаат меѓусебно а тоа всушност е автоимуна болест. Кога ќе се внесе зеолитот во клетката неговата кристална структура се шири, се отпуштаа негативните јони кои ги истиснуваат позитивните кои што носат болест. Тие се елиминираат низ урината, столицата и потта. Од внесувањето на зеолитот генералното чистење трае 1 час. За тоа време не треба да се јаде ништо. Кај помладите и здрави луѓе потребни се 4 часа да се исфрли се што е штетно од организмот, а кај болните и постарите 6-8 часа. Има природна интелигенција и препознава што треба да се наоѓа во човечкиот организам, а што да се исфрли.Човековата животната енергија се намалува поради големо присуство на токсини во организмот. Тогаш луѓето се уморни, имаат лош сон, намалена концентрација и памтење.

Со редовна примена на зеолит доаѓа до нагло покачување на биоенергијата. Затоа целта за подобрување на човековото здравје е на природен начин да ги исфрли сите токсини, да ги врати сопствената енергија и имунитет и така да се справи со сите микроорганизми во своето тело. На пример живата е исклучитело штетна и предизвикува стерилитет и делува штетно на централниот нервен систем . Во САД има клиника која на природен начин со зеполит им овозможува плодност на брачните двојки. Кадмиумот и талиумот се предизвикувачи на сите нервни заболувања-алцхајмерот, депресијата, раздразливост. Арсенот кој се наоѓа во водата исто така делува штетно на крдиоваскуларниот систем. Оловото и вишокот на бакар кај жените во менопауза предизвикува проблеми како и при менструалниот циклус. Зеолитот ги регулира сите овие процеси во организмот, го прочистува до степен на нормално функционирање на организмот со полна енергија. Оваа состојба трае до 1 година и три месеци, па потоа се повторува следната година. Експертите тврдат дека со вакви редовни циклуси на примена клетките во организмот се обновуваат на медицинско-физичко ниво до дваесет години од возраста на човекот. Од квалитетот на клетките зависи и квалитетот на животот и општото здравје.

Зеолитот може да го користат сите зашто тој е природна имунолошка инјекција или внатрешен чистач на организмот. Неговото дејство е 40 % на гастро и 60% на клеточно ниво. Зеолитот е особено препорачлив за спортистите и за тешко болните и тоа два часа по примање на терапијата. Оние што се на хемотерапија и на зрачење не смеат да го користат истиот ден туку еден ден потоа, а терапијата ќе има двојно посилно дејство. Препорачливо е да го користат луѓето на работни места каде што се бара голема издржливост, како и за алкохоличари, корисници на дроги и опијати, никотин. Сосема го неутрализира алкохолот во крвта и опијатите. Не треба да го користат само луѓе што се на дијализа зашто зеолитот го забрзува исфрлувањето на течностите од стомачната празнина за да не дојде до дехидратација.

Не е препорачлив за луѓето со имлантанти или вештачки протези, затоа што зеолитот ги јаде металите. Преку зеолитот организмот се алкализира или создава базна структура и ја неутрализира киселоста до степен на ПХ вредност на крвта од 7,35 до 7,40. Киселоста на организмот се создава од преработена храна,слатки кафе, никотин опијати и др штетни прехрамбени производи со многу конзерванси, нитрати, адитиви кои го трујат организмот. Со таа киселина што ја создава штетната храна се хранат микроби,вируси, бактерии и други паразити и микроорганизми. Кога го алкализираме своето тело тие нема со што да се хранат и се исфрлуваат преку столицата урината и потта.

Од примената на зеолитот нема штетни последици бидејки не се таложи, не создава штетни ефекти, не создава зависност и не може да дојде до прекумерна доза. Со детоксикација со зеолит му помагаме на својот црн дроб да се прочисти, одмасти, да праќа здрава крв до нашите клетки низ цел организам. Организмот се подобрува во сите сегменти. Првите 4 недели организмот се ослободува од најтешките отрови, потоа следуваат сите микроорганизми.

Соња Стојановска