Снегот не предизвика посериозни проблеми во сообраќајот
15.01.2021 10:03
Вчерашните врнежи од снег не предизвикаа посериозни проблеми во сообраќајот. Укината е забраната за тешки товарни возила на патните правци крак Маврово- Дебар и на превојот Стража. На државните патишта, сообраќајот се одвива по влажни коловози...

Вчерашните врнежи од снег не предизвикаа посериозни проблеми во сообраќајот. Укината е забраната за тешки товарни возила на патните правци крак Маврово- Дебар и на превојот Стража. На државните патишта, сообраќајот се одвива по влажни коловози.
Од „Македонија пат“ предупредуваат дека на одредени патни правци кои минуваат низ клисури е можна појава на поситни одрони. Апел - за внимателно возење и приспособување на брзината кон условите на патот.
