Итен состанок во СЗО поради новиот вид на Ковид- 19
15.01.2021 10:15
Здравствени експерти од целиот свет одржаа состанок за новите видови на коронавирус за кои сметаат дека довеле до зголемување на бројот на заразени лица...

Здравствени експерти од целиот свет одржаа состанок за новите видови на коронавирус за кои сметаат дека довеле до зголемување на бројот на заразени лица, и покрај тоа што дел од земјите како Франција и Велика Британија презедоа драстични мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Состанокот се случува во момент кога експерти од СЗО влегоа во Вухан во потрага по потеклото на вирусот.
Инаку, скоро два милиона луѓе во светот починале од последиците на коронавирусот, а се заразиле 91 милион.
