Фенингер и Хиршер господари на белите патеки
Блесна скапоценото стакло во нивните раце.Големите кристални глобуси се најдоа во прегратка на Ана Фенингер и Марсел Хиршер.Тоа се двете најуспешни имиња во штотуку завршената сезона од Светскиот куп во алпско скијање. Австрија ја слави завршницата со двајцата свои репрезенти на почесното место.Земјата во која култно место има скијањето, четврти пат во историјата на Светскиот куп „носи“ двојна победа!
Блесна скапоценото стакло во нивните раце.Големите кристални глобуси се најдоа во прегратка на Ана Фенингер и Марсел Хиршер.Тоа се двете најуспешни имиња во штотуку завршената сезона од Светскиот куп во алпско скијање. Австрија ја слави завршницата со двајцата свои репрезенти на почесното место.Земјата во која култно место има скијањето, четврти пат во историјата на Светскиот куп „носи“ двојна победа!
Фенингер и Хиршер освен што се Австријци, имаат повеќе заеднички точки. Врсници се, родени во истата 1989 година.Двајцата потекнуваат од околината на Сазбург. Ги врзува мајсторството на минување низ велесломските врати. Со тоа што Хиршер својата специјалност ја фокусира и за слаломот, а Фенингер инклинира кон побрзите дисциплини..Нивниот скијачки развој е многу сличен, главно победнички од мали нозе. Беа главните скијачки ѕвезди на јуниорското светско првенство во 2008-та во шпанскиот Формихал со по два златни медали.Денеска се првите светски имиња и предводници во напорите на Австрија да ја врати доминантната улога во овој спорт.
Ана е убава и брза.Заштитен знак и е гепардот, нејзиниот домашен миленик донесен од Африка.Со брзина на гепард, смело, виртуозно и елегантно е нејзиното скијање..
Марсел физички не е доминантен, тој е од онаа „лесна“ скијачка категорија.Изданок на австрискта школа со безброј „одлични ученици“. Слаломот му е омилената дисциплина. Брзината, вештината, беспрекорната техника на минувањето низ вратите се неговата препознатливост. И менталната сила, која го води напред!
Ана Фенингер имаше завршница во сезоната од сништата. Со 1371 освоен бод стана “скијачка кралица“.Прв пат во кариерата. Долго траеше ковењето на успехот во изедначената, неизвесна трка со Марија Хефл-Риш.Повредата на Германката можеби и помогна на извонредната Фенингер да ја отвори вратата на славата.Но, таа блескаше во 2014-та.Откако во Сочи го освои олимпиското злато во „Супер Џи“ и среброто во велеслалом, со разурнувачка моќ ја заврши сезоната.Со четири победи во Светскиот куп, со „малиот глобус“ во велеслалом, со вторите места во редоследот во спуст и во „Супер Џи“, се крена во антологиските височини.
Марсел Хиршер е веќе „староседелец“ на претстолот! Трета година едноподруго е најдобриот меѓу најдобрите. Само неколкумина низ скијачката историја направиле таков подвг: Италијанецот Густаво Тени, Швеѓанецот Ингемар Стенмарк, Американецот Фил Мер, Швајцарецот Пирмин Цурбриген, Австриецот Херман Маер...три и повеќе пати биле светски број 1 на крајот од сезоната. Аксел Лунд Свиндал долго му беше сериозна закана, но разочарувачкиот настап на Олимпијадата му ги направи нозете „оловни“ во решавачките трки за „Кристалниот глобус“. Хиршер со 1222 бода ја одрбрани „тутулата„, Свиндал остана со 1091 бод.
