МНР го осуди палењето на бугарското знаме на Вевчанскиот карневал
Вековна традиција не смее да биде загрозена преку активности со кои се омаловажуваат или навредуваат народи, држави, особено нашите соседи, велат од Министерството за надворешни работи...

Министерството за надворешни работи го осуди палењето на бугарското знаме на карневалот во Вевчани оценувајќи го како штетен по угледот на државата.
Вековна традиција не смее да биде загрозена преку активности со кои се омаловажуваат или навредуваат народи, држави, особено нашите соседи. Го осудуваме палењето на знамето на Република Бугарија на Карневалот во Вевчани, чин кој не само што го нарушува реномето на Карневалот, туку и нанесува штета на угледот на Република Северна Македонија, се наведува на Фејсбук профилот на Министерството за надворешни работи.
Претходно, бугарската министерка за надворешни работи Захариева, пак, на својот Фејсбук профил објави дека нивниот амбасадор во земјава Ангел Ангелов упатил остра вербална нота до македонското МНР по информациите дека е запалено бугарско знаме на Вевчанскиот карневал.
