Полициски час во цела Франција
15.01.2021 11:13
Од сабота, земјата воведува полициски час од 18 часот до 6 часот наутро на територијата на цела Франција.

Франција ги заострува мерките за борба против Ковид-19 и стравот од новиот британски вид на вирусот. Од сабота, земјата воведува полициски час од 18 часот до 6 часот наутро на територијата на цела Франција.
Патниците кои доаѓаат од земји надвор од Европската унија, ќе мора да имаат негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа, и со обврска за изолација од седум дена.
Здравствените власти тврдат дека до крајот на јануари во Франција ќе има над еден милон вакцинирани лица.
