Се намалува бројот на активни случаи со Ковид-19

15.01.2021 11:18

Во дневната статистика вчера беа регистрирани нови 396 случаи и 442 оздравени. Починаа 15 пациенти, најмладиот на 33 години од Гостивар.

Бројката на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата е речиси 88 илјади, на оздравени пациенти е нешто над 69 илјади, а на починати 2.672. Се намалува бројот на активни случаи. Нешто повеќе од 16 илјади се позитивни или сомнителни на Ковид-19. Во дневната статистика вчера беа регистрирани нови 396 случаи и 442 оздравени. Починаа 15 пациенти, најмладиот на 33 години од Гостивар.

Од светската здравствена организација уверуваат дека Ковакс системот не доцни и дека вакцините ќе бидат дистрибуирани. Македонија имунизацијата ја почнува во средината на февруари со вакцините од Фајзер.