Оперативниот план за вработување за годинава со четири пати поголем буџет од лани
Оперативниот план за вработување за 2021-ва со четири пати поголем буџет од лани. Продолжува тенденцијата за поголем опфат невработени лица, како и креирање ад- хок мерки според новата состојба на пазарот на труд предизвикана од пандемијата...

Задржување на работните места беше во фокусот во 2020 година, велат од Агенцијата за вработување. Оттаму децидни- и покрај ковид кризата реализацијата на оперативниот план за вработување е со над 94 проценти. Со планот за годинава се предвидуваат над две милијарди денари, или четири пати повеќе средства за работни места.
Според ресорната министерка Шахпаска, интензивно се работи на новиот Закон за работни односи кој треба да се донесе до крајот на годинава. Реформите треба да опфатат и право на докуп на стаж. Во моментов право на продолжување имаат оние што поднеле барања до крајот на август минатата година, а треба да заминат во пензија на крајот на годинава.
Со Законот за задолжително пензионирање на вработените се предвидува пензионирање заклучно со 62 години за жени и 64 години за мажи.
Дијана Ценевска
