Детскиот фестивал „Поточиња“ ексклузивно на МРТ1
Не ја пропуштајте можноста да ги изненадите своите најмили и овозможете им да го проследат овогодинешното издание на „Поточиња“...

На 22 и 23 март 2014 во Универзална сала по 11-ти пат ќе се одржи детскиот фестивал „Поточиња“.
„Поточиња“ во Универзалната сала за прв пат потекоа во 2004 година и за брзо време ги освоија срцата на најмалите љубители на музиката. Од тогаш редовно секоја година со своето одржување ја најавуваат пролетта.
Не ја пропуштајте можноста да ги изненадите своите најмили и овозможете им да го проследат овогодинешното издание на „Поточиња“.
Организаторот Пап Продукција-Поточиња најавува многу забава, дружење и изненадувања за сите посетители.
Претставите ќе се одржат на 22.o3 (сабота) од 11 и 13 часот и 23.03 (недела) од 11 и 13 часот.
Оваа година Поточиња екслузивно на МРТ 1.
