Над 12 илјади активни ковид- случаи, повеќе од половина од нив во Скопје
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88.938, бројката на оздравени пациенти е 73.601, на починати е 2.702...

Бројот на активни случаи со Ковид-19, според последната статистика, во државата изнесува 12.635, од кои 58 проценти или 7.373 се во главниот град Скопје, по што следат Тетово со 466, Куманово со 452 и Кавадарци со 403.
Бројот на оздравени пациенти од во последните два дена е по над две илјади дневно, односно само за викендот оздравеле вкупно 4.125 лица. Во деноноќието меѓу саботата и неделата се регистрирани 190 нови случаи, од направени 1.530 тестирања.
Во истиот период починале шест лица, четворица пациенти од Скопје на 60, 74, 44 и 86-годишна возраст, еден 72-годишен од Куманово и еден 64-годишен пациент од Гостивар. Пациентите се починати во болнички услови.
Во болниците во Скопје и низ државата има вкупно 685 ковид пациенти, а според информациите од Министерството за здравство има околу 616 празни болнички кревети во ковид центрите.
Планот за вакцинација е подготвен, а следниот месец, според здравствените власти, се очекува да пристигнат првите дози вакцини во државава од Фајзер и Ковакс механизмот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88.938, бројката на оздравени пациенти е 73.601, на починати е 2.702.
Во глобални рамки, пак, бројот на заразени со Ковид-19 се искачи на над 95 милиони, а од последици од заразата починале над два милиони луѓе, додека оздравеле приближно 68 милиони.
