МВР: Казнет пратеник, зборувал на телефон додека вози

18.01.2021 12:59

Пратеникот М.К. го прекршил Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со тоа што зборувал на мобилен телефон додека го управувал своето возило на патот Куманово-Скопје...

Полициски службеници од СВР Скопје денеска му врачија платен налог на пратеникот М.К., кој го прекршил Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со тоа што зборувал на мобилен телефон додека го управувал своето возило на патот Куманово-Скопје.

0Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта во Република Северна Македонија, соопштуваат од МВР.