Мицкоски на средба со Орбан
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и партискиот потпретседател Николоски, во наредните неколку дена ќе остварат дипломатски посети и средби со повеќе политичари од регионот и од Европа...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и партискиот потпретседател Николоски, во наредните неколку дена ќе остварат дипломатски посети и средби со повеќе политичари од регионот и од Европа, во рамките на пријателските односи со повеќе партии од семејството на Европската народна партија.
Во партиското соопштение се посочува дека Мицкоски ќе има средба со претседателот на ФИДЕС и со унгарскиот премиер Виктор Орбан, а во Љубљана ќе се сретне со премиерот на Словенија и лидер на ловенечката демократска партија Јанез Јанша.
Ќе разговара и со претставници на владејачката Хрватска демократска заедница за активно лобирање за државните интереси на Македонија. Средбите, велат од партијата, ќе бидат насочени кон идна економска соработка и отворање на можностите за привлекување инвестиции.
