Енергетика

РЕК Битола работи со минимален капацитет

18.01.2021 13:24

Првиот и вториот блок се веќе исклучени, а на технолошки минимум се одржува третиот блок, чија што работа станува сѐ понеизвесна. На депонијата има само 5.000 тони јаглен, доколку се работи со полна пареа активниот блок би го потрошил во една смена.

Во РЕК Битола, најголемиот домашен производител на електрична енергија, голема неизвесност. По последните, втори по ред поплави во рудникот Суводол, ископот и дотурот на јаглен се сведени на минимум. Првиот и вториот блок се веќе исклучени, а на технолошки минимум се одржува третиот блок, чија што работа станува сѐ понеизвесна. На депонијата има само 5.000 тони јаглен, доколку се работи со полна пареа активниот блок би го потрошил во една смена.

Од ЕСМ и од РЕК Битола во неодамнешното соопштение напоменаа дека се прават напори за надминување на тешката состојба и дека освен минималните количества од РЕК Битола, електрична енергија се испорачува и од РЕК Осломеј, хидроцентралите и од ветерниот парк.