Повисоки цени на горивата од полноќ

18.01.2021 13:53

Регулаторната комисија за енергетика ги зголеми малопродажните цени на бензинот БС- 95 и на еуродизелот за денар, додека литар бензин БС-98 и ектралесно масло за домаќинство ќе се продаваат поскапо за 1,5 денар...

Од полноќ поскапуваат нафтените деривати. Регулаторната комисија за енергетика ги зголеми малопродажните цени на бензинот БС- 95 и на еуродизелот за денар, додека  литар бензин БС-98 и ектралесно масло за домаќинство ќе се продаваат поскапо за 1,5 денар. И мазутот е со нова цена, повисока за 1,172 денари за килограм.

Причини за корекцијата на цените се скокот на бензините на берзите за над 5%, односно 4,2% за дизелот, како и повисокиот курсот на денарот во однос на американскиот долар.