Минусни температури и снег во Битола, отежнато движењето по споредните улици
И оваа зима битолчани го држат приматаот на градови по снежна покривка и минусни температури. Граѓаните кои беа учени да функционираат и на -30, степени велат по неколкуте меки зими, издржливоста е намалена. Засега студот нема направено некои поголеми штети. И оваа зима со старата рана, отежнато е движењето на споредните улици и подмрзнатите сокаци...

Со снежна покривка од околу 25 сатимитри и минусни темпертури околу 15 степен, Битола веќе неколку денови е во првите два града во земјава по овие параметри. Климатските промени ги променија и зимските навики.
Сѐ уште далеку сме од познатите битолски сибирски зими, но и овие минусни температури создавааа проблеми во движењето посебно во споредните улици и осојничавите подмрзнати сокаци.
За волја на вистината ЈП Нискоградбава навремено ги исчисти улиците од прв и втор приоритет. Иако останатите не им се во општинската програма, велт помагаат по апел на граѓаните.
Засега нема поголеми штети кога е во парашање пукањето на водомеите и мрзнење на чешмите, а интервенциите во Ортопедското одделение се незначително зголемени. Ако се остварат најавите дека од втората половина на неделава ќе подзатопли, тогаш и проблемите со движењето ќе бидат од краток век за овој период од зимава.
Стевче Митревски
