Прилеп

Еколошко греење, ама и дрва за секој случај

18.01.2021 15:05

Повеќе се бараат инвертер- климите и печките на пелети, ама и дрвата да ги има - за секој случај на вакви ниски температури, размислуваат прилепчани иако признаваат- слични се сметките за струја и дрва. Проблемот е што се загрева само една просторија. На централното греење со гас, ќе се почека...

Повеќе инвертер клими, печки на пелети, ама, иако помалку - и греење на дрва. Така се топлат прилепчани последниве и оваа зима. Трговците го забележауваат трендот.

Се намали продажбата на дрва, но сепак остануваат како огрев. Повеќе во индивидуалните куќи, а не во становите.

Иако сметаат дека сметките за дрва и струја станаа слични, за дел граѓани, останува дрвото како огрев - за случај на многу ниски температури како сега. Традицијата тешко се напушта.

Еколошкото греење бара инвестиција во дограмата и минимум 2.000 евра во инсталација за централно загревање.

Клима или дрва, сепак се загрева само една просторија. За централното греење на гас, ќе  почекаме, иако светот ги загрева дури и улиците. Дотогаш оџачарите ќе имаат работа. И инспекциите. Дрвократството не стивнува.

Елизабета Митреска