Регион

Во Србија почнува вакцинација на новинарите

18.01.2021 15:09

Приоритет ќе имаат новинарите на терен, снимателите и фоторепортерите, како и оние што се важни за функционитањето на една редакција.

На барање на новинарските здруженија и на претседателот Александар Вучиќ, од утре како приоритетна група на најзагрозени со корнавирусот ќе започне вакцинацијата на новинарите во Србија.

„Од понеделник или вторник и новинарите ќе можат да се вакцинираат веднаш, бидејќи работат на терен, разговараат со луѓето, да не се загрозуват ни себе, ни блиските дома, ниту соговорниците и сите со кои контактираат на терен“, изјави Вучиќ.

Новинарите, како и сите останати граѓани мора прво да се пријават на порталот за вакцинација Е-управа, додека редакциите до утре напладне теба до владата да ги достават списоците на вработени. Приоритет ќе имаат новинарите на терен, снимателите и фоторепортерите, како и оние што се важни за функционитањето на една редакција.

Од новинарските здруженија изразија задоволство што властите ја препознаа важноста на медиумските работници затоа што тие играат клучна улога во кризни времиња, а особено во време на пандемијата кога навремените и точни информации се од најголема важност за здравјето на луѓето.

„Новинарите во некои ситуации, со полицајците и мединските службеници беа единствените присатни на улиците по градовите, а епидемијските мерки предизвикаа промени кои се одразија и на работата на медиумите. Се покажа дека мнозинството на граѓаните се информираа преку медиумите“, изјави Драган Пејовиќ, претседател на УО на УНС.

Вакцинацијата на новинарите веќе е во тек во САД, Русија, Индија и Бангладеш.

 

Оливер Бранковиќ