Османи и Димитров ќе реферираат за разговорите и проблемот со Бугарија пред пратениците
Османи и Димитров наскоро пред пратениците треба да известат за акциските планови на Скопје и на Софија. Официјалните разговори се прекинати поради изборите во Бугарија- посочи премиерот Заев...

Премиерот Зоран Заев потврди дека министрите Османи и Димитров ќе реферираат за разговорите и проблемот со Бугарија пред пратениците во македонското Собрание. Заев посочи дека двајцата министри ќе информираат во Комисијата за надворешни работи со која претседава опозицискиот пратеник Милошоски. Датумот за одржување на седницата требало да го одредат министрите и претседавачот на комисијата. Ќе се разговара за нон- пејперот, акцискиот план, комуникацијата воопшто меѓу Скопје и Софија. Официјалните разговори се прекинати поради изборите во Бугарија- посочи премиерот Заев.
Опозициската ВМРО – ДПМНЕ смета дека е одлично што Османи и Димитров конечно решиле да одговараат на прашањата на пратениците за недоразбирањата со Софија..Тие инсистираа отчетот да биде во Комисијата за надворешни работи за да се постигне меѓу политичките субјекти дијалог, а не монолог.
Опозициската партија упати и прашање до премиерот Заев дали причината за сменетиот член на историската комисија е затоа е неговото неприфаќање да биде послушник на власта.
Миле Ристески
