Собрание: Нема кворум за гласање на закони со европско знаменце
Мнозинството го немаше потребниот 61 пратеник. Отсутни беа двајца пратеници од власта. Првиот позитивен на корона вирус, вториот ги очекува резултатите од тестот. И опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, иако присутна во Собранието, одби да учествува на седницата. Од СДСМ ја критикуваа ваквата одлука...

Власта не обезбеди кворум во Собранието за гласање на закони со европско знаменце, меѓу кои и за попис и за лекови. Мнозинството го немаше потребниот 61 пратеник. Отсутни беа двајца пратеници од власта. Првиот позитивен на корона вирус, вториот ги очекува резултатите од тестот. И опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, иако присутна во Собранието, одби да учествува на седницата. Од СДСМ ја критикуваа ваквата одлука, бидејќи на дневен ред меѓу точките, била и интерпелацијата на вицепремиерот за еврои
Власта го злоупотребува европското знаменце и избегнува дебата во Собранието и затоа ќе наидуваат на отпор од наша страна со сите расположливи демократски алатки. Од опозициската партија велат дека на оваа седница имаше неколку предлог- закони кои немаат допирна точка со европското знаменце, како законот за лобирање и за квалитетот на воздухот.
Собранискиот спикер Џафери констатираше дека нема услови за работа, бидејќи опозициските пратеници во Собранието се потпишани како присутни, но не се во салата.
Џафери информира дека седницата ќе продолжи откако пратениците ќе ги надминат здравствените проблеми.
Марија Котовска
