Објавена книгата „Григор Прличев и неговиот ХIХ век“

18.01.2021 15:46

На денешен ден пред 121 година во Охрид е роден македонскиот поет и преродбеник Григор Прличев. Охридската библиотека во чест на патронот ја издаде книгата „За прличев и неговиот деветаесетти век“ од авторот Вера Стојческа-Антиќ. Преку историски и научни факти делото го расветлува животот и творештвото на вториот Хомер и упатува на фактот за неговата заложба за создавање на општословенско есперанто. Идејата не била прифатена, а тој најдобро се изразувал на својот - мајчин охридски говор.

Григор Прличев има големи заслуги за Охрид и за нашата земја воопшто , меѓутоа ако продреме подлабоко во неговото творештво ќе ги забележиме длабоките корени кои во него ги оставил Св. Климент Охридски – создавачот на Охридската книжевна школа, ова го вели авторката – д-р Вера Стојческа – Антиќ.Прличев беспрекорно го познавал и творел на грчки јазик,потврдено и со неговото наградено дело Сердарот. Подоцна , трагајќи по формулата за општословенски јазик тој Илијадата ја преведувал на бугарски, но од тамошните писатели и критичари бил понижен,а еве каков бил неговиот одговор.

„Вие не требаше да набројувате толку грешки,требаше да напишете са Григор Прличев не го знае бугарскиот литературен јазик.Сметам дека поточен одговор за бугарите од оној што го наведува нема зошто Григор Прличев беспрекорно го знаел,до совршенство својот охридски јазичен дијалект научен од неговата сакана и намачена мајка“, изјави проф.д-р Вера Стојческа-Антиќ.

Вљубеноста во родниот Охрид била толку голема што Прличев го нарекувал „таткојна“ . А, приредувачот Милчо Јованоски вели дека се обидел да направи спој на минатото и сегашноста сврзани со Прличеви.

„Од новинарски и публицистички аспект во оваа книга јас се задржувам на Куќата на Прличев,потоа на делови кои се однесуваат на семејното стебло кое за прв пат се објавува кај нас во печатена форма“, изјави Милчо Јованоски, приредувач на книгата.

Оваа најнова книга за Прличев ќе биде промовирана на Прличевите беседи во февруари.

 

Сашо Нелоски