„Парон“ бара од Самарас да работи на прашањето за името

17.03.2014 14:14

Прашањето за името на Македонија воопшто го нема на агендата на грчкиот премиер Андонис Самарас, пишува весникот „Парон“.

Во текст под наслов „Тонат и националните прашања“, весникот ги обвинува Владата и опозицијата дека не се занимаваат со националните прашања на земјата, поради економската криза која во последните години „опустоши се што се движи и дише“ во Грција.

Според „Парон“, освен неколку колумнисти „кои можат да се избројат на една рака“, другите медиуми воопшто не се занимаваат со националните прашања или објавуваат само по неколку зборови на крајот од некој текст од време на време. И тоа претставува голем ризик, коментира весникот.

- Прашањето за Скопје, од кое Андонис Самарас претходно направи знаме, денеска не постои во неговата агенда, заклучува весникот.

Според „Парон“, грчката Влада не може да ја користи економската криза како изговор за пасивноста, занемарувањето на националните прашања и целосно отсуство на Грција од „првата линија“.

Весникот го цитира амбасадорот и поранешен генерален секретар на Министерството за надворешни работи Христос Закаракис, кој вели дека „не постојат такви тешкотии кои ќе ја оправдаат неодговорноста на Владата и заедничката одговорност на други политички сили за маргинализацијата на националната надворешна политика, од што последица е занемарување на националните прашања“.