Во Охрид, верници со светена вода влегоа во езерото
Годинава поради пандемијата немаше масовно осветување на Охридското езеро, водосвет се вршеше само во црковните храмови. Светата вода и Светиот крст, младите кај месноста Сараиште ги положија, а со тоа ги осветија водите на Охридското Езеро...

Никола Чорбески од Варош, е среќниот фаќач на Светиот крст во казанот во црквата Свети Никола Геракомија во Охрид. Годинава поради пандемијата немаше масовно осветување на Охридското езеро, водосвет се вршеше само во црковните храмови. Светата вода и Светиот крст, младите кај месноста Сараиште ги положија, а со тоа ги осветија водите на Охридското Езеро.
Педесетина капачи ја продолжија веоквната традиција, за здравје и среќа се искапија во ладните езерски води.
„Оваа година мене ми беше среќата, секоја година се капиме. Годинава на поинаков начин, но среќата била за мене. Господ здравје на сите и за многу години“, вели Никола Чорбески од Охрид.
„Оваа година беше поинаку, начинот не ни се допаѓаше бидејќи се прекина една голема традиција. Крстот е свет, Господ здравје на сите“, вели еден охрѓанец.
„Сите протоколи беа од наша страна запазени, овој празник си го одбелжавме во најдобар можен начин. Се надевам дека од в година ќе се вратиме на старата традиција“, вели друг охриѓанец.
Годинава за прв пат псоле три децении на градското пристаниште во Охрид немаше илјадници верници и стотици капачи. Немаше музика, греана ракија, плашици и пача. Празникот се одбележа скромно и тивко.
Иако немаше централна прослава на празникот Водици во Охрид, сепак младите со водата од Црквата Геракомија ги осветија водите на Охридското езеро и останаа верни на традицијата, капејќи се за здравје и среќа.
На Сараиште и во црквите имаше голем број полициски службеници, кои ги опоменуваа присутните да носат заштитни маски и да држат дистанца.
Соња Рилковска
