Германија во „мегалокдаун“

19.01.2021 16:28

Училиштата, некои продавници, барови, ресторани и забавни и културни објекти се затворени, со мерки што постепено се зајакнуваат од воведувањето. Во сила е и мерката според која едно домаќинство може да го посети само едно лице надвор од тој круг...

Германија воведува нов пакет мерки против коронавирус, построг од постојниот. Многумина новите мерки ги нарекуваат „мегалокдаун“.

Училиштата, некои продавници, барови, ресторани и забавни и културни објекти се затворени, со мерки што постепено се зајакнуваат од воведувањето. Во сила е и мерката според која едно домаќинство може да го посети само едно лице надвор од тој круг. Во области со повеќе од 200 нови случаи на 100.000 жители, не е дозволено да се напушти куќата повеќе од 15 километри за 7 дена.

Во меѓувреме почна вакцинацијата во Северна Рајна Вестфалија.

„Брзината на вакцинирањето во Северна Рајна Вестфалија - како и во цела Германија, но и во цела Европа се одредува според количеството вакцини. Имаме капацитет да вакцинираме околу 80.000 луѓе неделно“, изјави Карл- Јозеф Лауман,  министер за здравство во Северна Рајна Вестфалија.