Се укинуваат царините за 71 ознака за преработувачката индустрија
Укинувањето на царинските стапки ќе важи од 1-ви феврури до 31-ви декември 2021-ва година. Со оваа одлука компаниите ќе бидат ослободени од царинските давачки за една година и тие во 2019-та година изнесувале 162,4 милиони евра.

На предлог на Министерството за економија, Владата донесе одлука да ги укине царинските стапки за 71 тарифна ознака кои се однесуваат на преработувачката индустрија.
Со оваа одлука се задоволуваат барањата на стопанските комори и на поединечните компании кои побараа од Министерството за економија да им се излезе во пресрет.
Укинувањето на царинските стапки ќе важи од 1-ви феврури до 31-ви декември 2021-ва година. Со оваа одлука компаниите ќе бидат ослободени од царинските давачки за една година и тие во 2019-та година изнесувале 162,4 милиони евра.
Целта на оваа мерка е да се зголеми извозната конкурентност на преработувачка индустрија, соопшти Бладата.
