Ковид-19

СЗО: Мутацијата постои во 60 земји и територии

20.01.2021 10:55

Регистрирани и два други вида во Бразил...

„Мутацијата на ковид-19 која беше откриена во Британија е присутна во 60 земји и територии“, соопшти Светската здравствена организација.

Варијантата од Јужна Африка, која исто така е позаразна од оригиналниот SARS-CoV-2, се шири побавно и засега е присутна во 23 земји и територии, што е за три повеќе во однос на 12 јануари.

СЗО го следи и ширењето на два други вида кои се појавија во Бразил, а потоа биле забележани и во Јапонија.