Попоски: Македонија и Словачка со исклучително добри и пријателски односи

17.03.2014 14:25

Шефот на дипломатијата Никола Попоски во обраќањето по повод 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Македонија и Словачка истакна дека двете земји во изминативе две децении изградија исклучително добри пријателски односи, континуиран политички дијалог, партнерска соработка во мноштво области и блиски културни врски.

За нас од посебно значење е разбирањето на Словачка за неопходноста од проширување на Европската унија со земјите од Балканот и потребата од принципиелност и конзистентност на европските институции, со цел Македонија и останатите земји од регионот да станат дел од големото европско семејство, каде што природно припаѓаат. Искрено посакуваме и веруваме, дека наредниот Словачко -Македонски јубилеј ќе го одбележиме како две полноправни членки на НАТО и на Европската Унија", нагласи Попоски.

Одбележувањето на 20-годишнината вклучуваше и свечена промоција на „Прогласот" на Константин Филозоф свети Кирил, значајно тријазично дело, со делови на старословенски, словачки и македонски јазик и изложба „1150 години од доаѓањето на Константин и Методиј на територијата на Република Словачка".

На настанот присуствуваа и покровителот, претседателот Ѓорге Иванов, министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, претставници на други државни институции, на научната и академската средина, претставници на дипломатскиот кор, на локалната власт од Охрид, на црковните власти, амбасадорот на Република Словачка, Мартин Безак, како и голем број пријатели на Македонија и на Словачка.