Нови странски инвестиции во земјава

20.01.2021 15:20

Германската компанија „Ипротекс“ е прва странска инвестиција годинава. Потпишан е договорот за државна помош. Освен германската, означен е почетокот на уште една инвестиција, чешка во ИКТ-секторот. Компанијата „Сивус“ станува дел од групацијата „Арикома“...

Германската компанија „Ипротекс“ е прва странска инвестиција годинава. Потпишан е договорот за државна помош. Со работа почнуваат кон крајот на месецов или на почетокот на идниот. Веќе се вработени 25-мина,  со плата за 10 проценти повисока од просекот во слободните зоните. Од дирекцијата велат – оваа инвестиција е скромна по обем, но претставува важен чекор.

Компанијата се занимава со изработка на материјали за автомобилската индустрија, односно со технички текстил и термоизолациони материјали.

Освен германската, означен е почетокот на уште една инвестиција, чешка во ИКТ-секторот. Компанијата „Сивус“ станува дел од групацијата „Арикома“. „Сивус“ во изминативе 20 години даде огромен придонес во развојот на ИКТ индустријата во Македонија и беше расадник за ИТ кадри, исткна управниот директор на групацијата „Сивус“ Игор Лештар.

Директор за инвестиции на „Арикома“, Томанек нагласи дека малите земји, како Македонија и Чешка, честопати се одлучни во продуцирање на храбри луѓе кои имаат храброст да се дрзнат на некој чекор и имаат визија за тоа.

 

Марија Котовска