Јанакиески: Над 300 локации за индустриски зони во земјава
Над 300 локации за индустриски зони ширум земјава ќе им бидат понудени на домашните и на странските инвеститори. Од нив се очекува да го зголемат индустриското производство и да отворат нови работни места...

Над 300 локации за индустриски зони ширум земјава ќе им бидат понудени на домашните и на странските инвеститори. Од нив се очекува да го зголемат индустриското производство и да отворат нови работни места, изјави министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој денеска ја посети мини индустриската зона близу гостиварското село Зубовце.
„Со политиката на Владата за почетна цена од едно евро по метар квадратен во последните три години продадени се од страна на Министерството за транспорт и врски 74 локации за индустриски објекти, а општините во Македонија кои го имаат преземено управувањето со земјиште- 243 локации. Тоа се некаде над 300 локации за индустриски објекти“, истакна Јанакиески.
„Стопанскиот комплекс Зубовце“ се протега на 15 хектари, на територијата на општина Врапчиште, а во него се развива прехранбено-преработувачка индустрија. Моментно, целосно функционира еден капацитет, месната индустрија „Карнем“, а годинава се очекува уште три да почнат со работа. Според најавите, таму работа ќе најдат над сто лица.
Во Република Македонија, 45 општини имаат право да отуѓуваат државно земјиште. За последните три години, биле отуѓени вкупно 1.541 парцела, наменети за инвестирање во нови објекти.
