Молитва и нејзината моќ

20.01.2021 14:48

Моќта на молитвата е во верата. Не само во невоља, туку секогаш. Не постојат техники и рецепти за успешна молитва...

Дали молитвата е разговор со Бог или монолог со непознат. Додека човек не се сретне сам со себе, не е способен да се моли. Молитвата не е само изговарање зборови на памет,( зависно од пригодата). Молитвата е средба со себе си. Не е тоа егоизам, не е стратегија, не е размислување, ниту мудрување, туку себе си да се  поведеш по некои други патеки што не можеме сами да ги сфатиме, без обзир на тоа колку сме школувани  или просветлени. Молитвата  нема никаква врска со знаењето, со образованието. Ако сакаш да го запознаеш Бог најпрво запознај се себе си. Не да се менува светот околу себе, туку оној во себе.

Постојат многу научни докази за моќта на молитвата

Научниците на Санкт Петербуршкиот Невропсихијатрискиот институт ја  проучувале функционална состојбата на мозокот. Проверувале разни состојби со енцефалограф.Проф. Валериј Слезин кој се оддалечил од религијата решил да го прифати предизвикот за експериментот на еден свештеник. Му ги мереле фреквенциите на мозокот во херци додека решавал  задачи, читал стихови. Ритамот на енцефалографот бил зачестен и забрзан. Потоа му рекле да се моли. Ритамот почнал да се намалува, за на крај да дојде до 3 херца. Три херца значи дека кај здрав човек ментално и физички речиси целосно се исклучува работата на мозочната кора. Восприемањето информации  оди директно, заобиколувајќи ги мисловните  процеси и анализата.Тоа е можно само кај возрасните  додека спијат и кај двомесечно бебе. Од аспект на неврофизиолозите, молителот се претвора во мало бебе. А уште поизненадувачко откритие на данските психолози е што за време на молитва наспроти престанување на другите  функции, се активираат деловите за комуникација. Во нормална состојба, областа на префронталниот кортекс работи поактивно кога човек чека одговор при комуникацијата со друг, што значи дека за време на молитвата нашата свест чека одговор од оној на кого му се моли. Научниците откриле ,,четврта “ состојба на мозокот-молитвена како што ја нарекле. Отсуство на која било од овие состојби го  нарушува хармоничниот развој на човекот, доведува до болести и до деградација на психата. Молитвата дава мир и спокојство на душата. Тоа всушност е запишано и во светото писмо. Молитавата е одамна позната и присутна во сите религии . Молитвата е беседа со Бог. Благотворноста на молитвата им е позната на сите свештеници и верници. Човекот се оддалечува од овоземските грижи и сфаќа дека има нешто поголемо повозвишено, нешто вечно и непроменливо. Во молитвата има и исцелителна моќ. Познати се многу случаи нејасни за науката и за современата медицина кога луѓето се исцелиле и надминале многу тешки болести и состојби. Користена е за лекување кај наркозависници, а дури и кардиолозите од Јордан заклучиле дека утринската молитва е многу благотворна. Научниците истражувајќи за силата на молитвата забележале дека и во христијанството и во исламот и во будизмот молитвата  е во ритам од 3 херци, но молитвите на секти кои немаат поврзаност со духовност туку само за материјални барања, немаат никаква смисла и резултат.

 Моќта на молитвата е во верата. Не само во невоља, туку секогаш. Не постојат техники и рецепти за успешна  молитва.  Или има или нема благодарност за се што ни дава Бог. Многу  е важен тој прв чекор, да се остави, да се раскрсти сo оправдувањата -немам време поради обврски. Си го победил ритамот на животот штом си дошол овде во божјиот храм и си оставил се. Кој е тој степен на верување за нов свет. Тоа не е ритуал туку искрена желба и смисла. Да се молиме секогаш, а не само во невоља. Молитва да се преточи во делата- тоа e целта на христијанството.

Соња Стојановска