Дали Македонец ќе стане градоначалник на Париз?
17.03.2014 14:45
Најдовски ја предводи листата на партијата на Зелените. Неговите родители во 1968 заминале од родната Битола и се преселиле во Париз, каде година подоцна, во 1969 се раѓа тој. По матурирањето студирал економија, а во 1993 станува член на Партијата на зелените...

Кристоф Најдовски, чии родители имаат македонско потекло, е кандидат за градоначалник на Париз, на изборите што ќе се одржат на 23 и на 30 месецов. Приоритет му е да ја намали кризата со домувањето, односно недостигот од куќи.
Затоа предложил да претвори 6.000 неокупирани деловни простории во станови. Како што објавуваат медиумите, Најдовски сонува да изгради трамвај по течението на Сена, за да се поврзат источните и западните предградија.
Најдовски ја предводи листата на партијата на Зелените. Неговите родители во 1968 заминале од родната Битола и се преселиле во Париз, каде година подоцна, во 1969 се раѓа тој. По матурирањето студирал економија, а во 1993 станува член на Партијата на зелените.
За францускиот весник „Либерасион“изјавил дека се чувствува како парижанец, но и како граѓанин на светот.
