Угостителите од денес ќе работат до 21 часот

21.01.2021 09:48

„Следната недела откако ќе ја анализираме епидемиолошката состојба во земјата, можно е дополнително олабавување на мерките, односно работното време на угостителските објекти да биде до 23 часот“, наведе министерот за здравство Филипче.

Од денеска, угостителските објекти ќе работат до 21 часот. Одлуката ја донесе Владата во вторникот.

„Следната недела откако ќе ја анализираме епидемиолошката состојба во земјата, можно е дополнително олабавување на мерките, односно работното време на угостителските објекти да биде до 23 часот“, наведе министерот за здравство Филипче.

Од Независната угостителска комора посочуваат дека изминатата година била најтешкиот период за оваа дејност. Оттаму велат дека загубите се зголемиле двојно од првично предвидените 20 милиони евра.

Од комората бараат петтиот сет мерки да се донесе во јануари, за да се обезбеди континуитет во исплатата на платите.