САД

Сенатот под контрола на Демократите

21.01.2021 09:59

Неколку часа откако новата потпретседателка на САД, Камала Харис положи заклетва, како прва жена на оваа функција, тоа го сторија и тројца нови сенатори од Демократската партија.

Новиот претседател на САД, Џозеф Бајден назначи привремени шефови на 23 федерални агенции, вклучувајќи ги и министерствата за одбрана и за финансии и потпиша 17 извршни наредби.

Неколку часа откако новата потпретседателка на САД, Камала Харис положи заклетва, како прва жена на оваа функција, тоа го сторија и тројца нови сенатори од Демократската партија.

Со ова, по долгогодишна доминација на Репубиканците во Горниот дом на Конгресот, Демократите кои имаат мнозинство во Претставничкот дом и Бајден како претседател ја има комплетната власт во земјата.

Односот на Демократите и Републиканците во Сенатот сега е 50 спрема 50, но во тој случај одлучувачки е гласот на Камала Харис.