Расте бројот на заразени со Ковид-19 во Кина
21.01.2021 10:47
Бројот на асимптоматски случаи, што Кина не ги класифицира како група на луѓе кои страдаат од ковид, се искачи на 113 во споредба со 58 претходниот ден.

Во изминатите 24 часа во Кина биле регистрирани 144 нови случаи на заразени со коронавирусот, највисок дневен биланс од 1 март минатата година. Бројот на асимптоматски случаи, што Кина не ги класифицира како група на луѓе кои страдаат од ковид, се искачи на 113 во споредба со 58 претходниот ден.
Вкупниот број на лица заразени со Ковид-19 во кина е 88.701, а бројот на смртни случаи остана непроменет – 4.635.
