САД

На првиот ден Бајден потпиша 17 извршни наредби

21.01.2021 13:58

Неколку часа откако положи заклетва за нов претседател на САД, Џозеф Бајден потпиша 17 извршни наредби. Меѓу нив е враќањето на САД во Парискиот договор за климата, задолжително носење маски, стопирање на изградбата на ѕидот на границата со Мексико.

Новиот претседател на САД, Џозеф Бајден, назначи привремени шефови на 23 федерални агенции, вклучувајќи ги и министерствата за одбрана и за финансии. Потпиша и 17 извршни наредби. Меѓу нив е враќањето на САД во Парискиот договор за климата, задолжително носење маски, стопирање на изградбата на ѕидот на границата меѓу САД и Мексико. Една од наредбите се однесува на укинувањето на забраната за влез во САД за државјани на повеќе земји, претежно со муслиманско мнозинство.

Претседателот стави крај на „Муслиманската забрана“, политика заснована на религиозен анимозитет и ксенофобија. Потпиша веднаш да запре натамошното финансирање на изградба на граничниот ѕид на претходната администрација“, изјави Џен Псакипортпарол на Белата куќа.

Белата куќа соопшти дека Бајден наредил враќање во Светската здравствена организација.

СЗО игра клучна улога во сузбивање на пандемијата Ковид- 19. Америка ќе продолжи да биде нејзин дел и глобален лидер во соочување со овие светски здравствени закани“, рече Псаки.

Првиот разговор на новиот претседател на САД, Џозеф Бајден со странски лидер ќе биде со канадскиот премиер.

„Очекувам да разговараат за важните односи со Канада. Тој смета дека е важно да се обноват тие односи и да се справат со предизвиците и заканите во светот“, нагласи портпаролката на Белата куќа.

По влегувањето во Белата куќа, Бајден го прочита писмото што, според традицијата, му го остави неговиот претходник Доналд Трамп, и го оцени го како „многу благородно“.

Кина му честиташе на Бајден на преземањето на должноста и повика на единство меѓу двете земји.

Мислам дека новата администрација треба да им служи на желбите на народот, да ја гледа кина во рационално и објективно светло и да работи со Кина врз основа на меѓусебно почитување, еднаквост и взаемна корис“, рече Хуа Чунингпортпарол на МНР на Кина.

По долгогодишна доминација на Репубиканците во горниот дом на конгресот, Демократите кои имаат мнозинство во Претставничкот дом и Бајден како претседател ја имаат комплетнатата власт во земјата. Односот на Демократите и Републиканците во Сенатот сега е 50 спрема 50, но во тој случај одлучувачки е гласот на Камала Харис.

 

Марина Ристова