Струмица

Црвениот крст со кампања за хумани вредности

21.01.2021 15:30

Да го дадеме најдоброто од нас, да се стекнеме со нови вештини и да се охрабриме да ги користиме сопствените капацитети - Црвениот крст со кампања за хумани вредности...

Над илјада млади луѓе од вечерва започнуваат он- лајн обуки за хуманите вредности во општеството, под палката на Црвениот крст, кој на овој начин си прави и расадник на волентери. Придобивката на  волентерите во иднина е што ќе ги користат сопствените капацитети за изработка на проектите кои ќе значат помагање на ранливото население во местата каде што живееат.

До лани, просториите на Црвениот крст буквално вриеа од млади, пандемијата годинава ги стави зад компјутер и телефон.

Но, сепак Националната алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот крст и на овој начин ќе се стреми кон запознавање на хуманите вредности во општеството, мисијата на Црвениот крст, културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество кои се само дел од обуките  на онлајн платформата.

Изминатите години  младинците изработиjа над 300 мали проекти кои обезбедија трајни промени во заедница.

 

Стојне Митева