Растот на температурата може да направи штета на есенските посеви
Некој ужива на јануарското сонце, некој размислува што ќе донесат повисоките температури, топењето на снегот и најавата за нови дождови. Во заситената со вода пелагониска почва може да има заезерување и ако таквата состојба се задржи десетина дена, ќе има штета за есенските посеви...

Температури во позитива, позасилено јужно воздушно струење, и нови врнежи од дожд и снег е најлошата комбинација која се најавува кога е во прашање битолскиот регион. Превентивата и аналитичкиот план веќе се подига на повисок степен. Од водостопанското претпријатие Битолско поле велат нивото на Црна Река заесега е пониско нешто повеќе од три метри.
Доводните канали на Стрежево ќе помогнат во евентуалниот наплив на вода од подпелистеието. Според нив најакритично може да биде во атарите на пограничниот регион кон Грција. По неодамнешнита акција, опасноста е намлена, но сепак потебно е следење на состојбите со поројните планински реки.
Стабилност покажаа и одводните канали во најголемата житница, но сѐ уште замрзнатата и заситена почва со вода е опасност новите количини на вода да нема каде да одат.
Експертите апелираат- земјоделците да преземат акција за проток на водата, во спротивно можни се и штети.
Промена на температурна разлика од 20-ина степени во овој дел од годината во Пелагонија ретко се памети. Прилики на кои внимание треба да обрнат и луѓето со хронични дијагнози.
Стевче Митревски
