Мицкоски на средба со хрватскиот премиер Пленковиќ
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски, во Загреб остварија средба со премиерот на Република Хрватска Андреј Пленковиќ и министерот за надворешни и европски прашања Гордан Грлиќ Радман...

„Додека земјите од регионот се рекордери по успеси и достигнувања, Македонија е рекордер по украдени избори, попис кој е фалсификат во најава, потрошени пари за поткуп, партизирано судство. Работите мора да се променат“- ова го посочил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средба со хрватскиот премиер Пленковиќ во Загреб. Побарал Хрватска да го поддржи одблокирањето на европската интеграција на земјата.
На средбата, пак, со Маријана Петир, поранешна пратеничка во ЕП, основач на групата пријатели на Македонија во Европскиот парламент, лидерот на опозицијата рекол дека македонската влада покажала дека не умее да затвара прашања во полза на земјата, туку отвора проблеми и спорови кои ја одвеле земјава во ќорсокак.
