ЕК: Наскоро вакцини за Западен Балкан со посебен механизам

22.01.2021 10:26

Поради сложеноста на процесот на КОВАКС за испорака до сиромашните земји и оние што не се дел од блокот, во Брисел било одлучено да се создаде нов систем. До летниот период се очекува имунизација на најмалку 70% од населението на Унијата.

Европската унија планира со посебен механизам да обезбеди вакцини против ковид-19 за земјите од Западен Балкан. Поради сложеноста на процесот на КОВАКС за испорака до сиромашните земји и оние што не се дел од блокот, во Брисел било одлучено да се создаде нов систем. До летниот период се очекува имунизација на најмалку 70% од населението на Унијата.

„Предлагаме да се воведе нова категорија на „темноцрвена боја“ за зоните каде што вирусот циркулира на многу високо ниво. Лицата кои патуваат од тие региони ќе мора да направат тест пред поаѓањето, а по пристигнувањето ќе одат во карантин“, изјави Урсула вон дер Лајен,  претседателка на Европската комисија.

Во Брисел се разгледува опцијата за ограничување на патувањата кои не се неопходни, особено поради мутацијата на ковид-19 којашто се шири побрзо. Од овој вирус на глобално ниво починале над два милиона луѓе.