Објавени платите на премиерот и министрите
Највисока плата зема премиерот Заев 87. 813 денари. Тој е меѓу функционерите со најголем стаж од 22 години.

Владата јавно го објави списокот со платите на премиерот, вицепремиерите и на министрите. Наведени се информации за нето-приходите, додатокот за минат труд, стажот на функционерите. Највисока плата зема премиерот Заев 87. 813 денари. Тој е меѓу функционерите со најголем стаж од 22 години.
Втор на списокот е министерот за внатрешни Спасовски, кој добива плата од околу 85 илјади денари. Трета на листата е министерката за труд и социјална политика, чија што плата изнесува 74 илјади денари. Таа зад себе има најдолг работен стаж од 28 години. Следуваат министерките за одбрана и култура, Шеќеринска и Стефоска, па вицепремиерите Димитров, Битиќи, Груби.
Од Владата велат дека јавното објавување на податоците е во насока на голема дигитална транспарентност. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, вели дека Заев и министрите земаат по три просечни нето-плати, во време кога половина милион граѓани живеат со по две евра на ден.
