Бајден ќе го продолжи „Нов СТАРТ“ со Русија

22.01.2021 10:54

Кремљ изрази подготвеност за натамошна соработка...

Претседателот на САД, Џо Бајден бара петгодишно продолжување на договорот „Нов СТАРТ“ со Русија, единствениот билатерален пакт за контрола на нуклеарното вооружување. Американската разузнавачка служба ќе врши проценка на неколку спорни прашања, вклучувајќи го и хакирањето на „Солар виндс“ и мешањето на Русија на последните избори во САД.

Договорот истекува во февруари и со него се ограничува количеството на оружје за двете земји. Кремљ претходно изрази подготвеност за продолжување на билатерланата спогодба.