Формула 1

Кобајаши не е виновен

17.03.2014 15:12

По инцидентот на стартот на трката за големата награда на Австралија кога Камуи Кобајаши удри во задниот дел на болидот на Фелипе Маса по што бразилецот не беше во можност да продолжи, утврдено е дека не постои вина кај јапонецот за настанатиот инцидент. Истрагата по трката покажала дека причина за блокирањето на сопирачките не била човечка грешка туку откажала техниката, а возачот немал никакво влијание.

Сепак, се отвораат многу други прашања. Дали тогаш дисквалификацијата на Рикардо од тимот на Ред Бул и одземеното второ место не е престрога одлука, особено што  не е децидно потврдено дека за недозволениот проток на гориво од над 100 килограми на час не станува збор за механичка или грешка во електрониката за што екипата и пилотот немале влијание...