Бензините и дизелот поевтинуваат за два денара

22.01.2021 13:10

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука, откако Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизи во вонредна состојба, престана да важи...

Цените на бензините и на дизелот се намалуваат за два денара. Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука, откако Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизи во вонредна состојба, престана да важи.

Бензинот од 95 октани ќе се продава за 61 денар за литар, два денара поскап е бензнот од 98 октани, а цената на дизелот изнесува 52,5 денари. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 13 денари, и сега изнесува 41,5 денари. Цената на мазутот останува иста.