Смеењето како лек

22.01.2021 14:05

Со овој природен лек не може да се претера , нема нус појави и контраиндикации. Се работи за смеењето за насмевките кои се чудо за зајакнување на имунолошкиот систем. Дава енергија и смалува болка, а има уште многу благодети за здравјето.

Заразно, ама не и опасно, наместо болест предизвикува здравје на телото и на душата, ги поврзува луѓето и создава чувство на блискост. На сите ни е достапно, се дели бесплатно и секој од нас го има. Секој го разбира  и лесно го користи. Со овој природен лек не може да се претера , нема нус појави и контраиндикации. Се работи за смеењето за насмевките кои се чудо за зајакнување на имунолошкиот систем. Дава енергија и смалува болка, а има уште многу благодети за здравјето.

Еве како смеењето ве прави поздрави.

Смеењето е природно решение и одговор за многу здравствени прашања. Неговата примена и ефектите почнале да се истражуваат во 60-тите години од минатиот век. Денеска веќе е потврдено дека ништо не делува побрзо на организмот како добра доза смеење, создавајќи рамнотежа меѓу духот и телото. Алтернативната медицина го користи веќе со милениуми, но неговата лековита моќ го докажуваат многубројните  истражувања во психологијата и во медицината. Смеењето како невидлив помошник успева да ги намали грижите, стравовите, тешкотиите, поттикнува позитивен начин на размислување и создава надеж. Притоа го лечи телото. А еве што се случува во организмот додека се смееме.

1 Го опушта телото и го заштитува од последиците на стресот и напнатоста. Мускулите остануваат опуштени и по 45 минути откако сте престанале да се смеете.

2 Го јакне имунитетот  така што го намалува нивото на кортизолот односно-хормонот на стресот кој го лачат надбубрежните жлезди. Тој е најголемиот виновник за ослабениот имунитет и бројните други тегоби. Кога се смеете се зголемува бројот на клетките кои се задолжени за јакнење на имунитетот и бројот на антителата задолжени за борба со инфекциите . Резултатите се подготвеност на организмот за нови здравствени предизвици.  
3 Смеењето го отпушта хормонот на среќата ендорфин. Освен што е задолжено за добро расположение, лачењето на ендорфинот ќе ви осигура барем некое време чувство дека сѐ е во ред дека со вас и со светот.

4 Ја подобрува работата на срцето и на крвните садови, ја поттикнува циркулацијата, го намалува притисокот и така служи како добра превентива од многу болести.

Смеењето е лек за лошо расположение и депресија. Кога се смеете автоматски подобро се чувствувате. Тоа чувство останува подолго од самиот чин на смеењето, и така полесно се задржува позитивниот став кон животот. Смеењето е лек за тагата, за болката, за чувството за беспомошност и самосожалување. Смеењето е знак за надеж, за универзална порака за поддршка од сите околу нас и кога ви е најтешко. Ги елиминира негативните чувства зашто не може истовремено искрено да се смеете кога имате тескоба. Таа природна батерија на добра енергија ќе ви осигури добра концентрација, полесно совладување на задачите и помага подолго да бидете фокусирани на она што ви е битно. Смеењето помага да ги промените животната перспектива и погледот  на свет и прави да работите да ги видите во ново светло. Сликата е значително пореална и со помалку опасности и грижи кои биле само во вашите мисли. И работните и животните неуспеси не изгледаат толку страшни кога сѐ се гледа низ призмата на смеење и радост.  Смеењето е добредојдено во секое друштво. Хуморот и опуштеноста се формула за подобра комуникација, поврзаност меѓу луѓето и го зголемува квалитетот на дружењето. Според истражувањата  смеењето е заразно, и многу позаразно од зевањето,  зашто мозокот на него  одговара автоматски ако го слуша во околината. Дали ви се случило кога сте сами и кога ќе се сетите на нешто смешно, ви доаѓа да прснете од смеење, иако сте во полн автобус или на важен состанок. Психолозите велат не се воздржувајте, насмејте се а тоа ќе премине и на другите кои не ја знаат причината за вашето смеење. И не грижете се нормални сте. Истражувањата велат дека смеењето е 30 пати позаразно  и невозможно е да му одолеете кога сте опкружени со луѓе отколку кога сте сами на пример кога читате нешто смешно или гледате  филм или претстава. Со хумор и насмевки полесно се совладуваат и конфликтите во семејството, на работа и во друштво. Поттикнува тимска работа , ги разбива стереотипите и непријатностите . Многумина, оптоварени со животните проблеми, забораваат да се смеат, не гледаат излез, но дајте си задача да им се насмевнете на сите околу вас, шегувајте се на своја сметка , не доживувајте се така сериозно. Животот е убав и многу поедноставен отколку што ви се чини само ако го погледнете со други очи. Додавајте доза радост и смеење во сѐ, направете си потсетници за смеење. Учете од децата кои искрено се смеат, живеат во моментот, неоптоварени со минатото и со иднината. Најдете илјада и еден начин да си го разубавите денот и  животот.

Соња Стојановска