Ѓорѓиев најдобар поентер во турскиот шампионат
Македонскиот одбојкарски интернационалец во Турција Никола Ѓорѓиев е најдобар поентер и втор сервер во најквалитетната национална лига.
Нашиот репрезентативец на крајот на регуларниот дел го потврди својот рејтинг и со 477 поени се најде на врвот во силна конкуренција. Екипата на Мили Пјанго од Анкара предводена од македонскиот стратег Јошко Миленковски и капитенот Никола Ѓорѓиев, и покрај поразот дома во последната рунда од лидерот Фенербахче со 3-0, обебзеди плеј оф.

Екипата на нашите интернационалци е меѓу најдобрата осумка и како шестопласирана ќе стартува во разигрувањето за титулата во Турција. Против Фенербахче во последниот меч од основниот дел, Ѓорѓиев имаше 13 поени, сите офанзивни.