Ковид-19: Светот сѐ поблиску до 100 милиони заразени

23.01.2021 16:38

Светот е сѐ поблизу до бројката од 100 милиони заразени. Сепак, појавата на вакцината се очекува да го одложи тоа.

Светот е сѐ поблизу до бројката од 100 милиони заразени. Сепак, појавата на вакцината се очекува да го одложи тоа.

Во САД повеќе од 150 припадници на националната гарда што ја обезбедуваа инаугурацијата на новиот претседател Бајден се позитивни на коронавирусот.

Бајден, пак, покажа поинаков пристап кон пандемијата со Ковид-19 од неговиот претходник и побара од американците да ѝ се спротивстават на длабоката поделеност во момент на криза во земјата.

Ќе продолжиме напред брзо и итно, бидејќи имаме многу што да направиме за време на оваа опасност во текот на зимата. Имаме значителни можности, многу да поправиме, да вратиме, да лекуваме, да градиме и многу да добиеме“, изјави Бајден.

Русија бележи најмал број на нови случаи од ноември. Хонгконг пак, за првпат од почетокот на пандемијата на коронавирусот воведе локдаун. Хонконг беше меѓу првите делови во светот што беше погоден од коронавирусот.

Истовремено, Вухан одбележува една година од појавата на коронавирусот. Ситуацијата наликува на онака како што беше пред пандемијата. Патиштата се преполни со автомобили, улиците со купувачи, јавниот превоз со патници и парковите со пешаци.

„Тоа беше голема војна. Не сум видела таква одамна.“

„Минатата година беше навистина тешка за Вухан. Особено за време на локдаунот. Навикнати сме да се движиме наоколу, и одеднаш моравме да останеме затворени дома.“

„Загрижен сум за вирусот. Подобро е што сите се вакциниравме. Се плашам да не се заразам.“

Европска унија: Доцнат вакцините и од „Астра Зенека“

ЕУ инсистира на прецизен план за испорака на вакцините врз чија основа земјите-членки можат да ги испланираат своите кампањи за вакцинација. Европската комесарка за здравство потврди дека компанијата „Астра Зенека“ најавила доцнење во испораките на вакцините нарачани од ЕУ за првиот квартал на 2021 година. Компанијата исто така соопшти дека ќе ги намали количините на вакцината.

Британскиот вид на коронавирус е посмртоносен

Инаку според првите докази новата варијанта на коронавирусот, која се појави во Велика Британија, може да биде посмртоносна. Податоците ги проучувале научници од советодавната група за нови и респираторни закани на вируси, кои ја информирале британската влада за тоа. Доказите се сѐ уште во прелиминарна фаза. Новиот вид на вирус кој се шири побрзо, за првпат беше откриен во Кент во септември.

Марина Ристова