Левандовски е првиот во историјата на Бундеслигата кој постигнал гол на осум гостински натпревари во низа

24.01.2021 18:24

Триесет и двегодишниот Полјак постави рекорд во Бундеслигата постигнувајќи гол на осум последователни натпревари на гостински терен.

Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски попладнево постигна гол против Шалке во натпревар од 18. коло во Бундеслигата.

Триесет и двегодишниот Полјак постави рекорд во Бундеслигата постигнувајќи гол на осум последователни натпревари на гостински терен.

Левандовски ја предводи листата на најдобри стрелци во германската лига со 23 гола на 17 натпревари.