Роналдо во лов на Пушкаш
Легендарниот унгарски фудбалски ас е новата „жртва“ на моќниот Кристијано Роналдо кој сега има постигнато само два гола помалце од мадридскиот великан во дресот на Реал.
Пушкаш на 261 натпревар за кралскиот клуб има погодено 242 пати, во просек по 0,92 гола по натпревар. Роналдо има 240 гола на 235 дуели или 1,02 во просек.

Португалецот за вакво постигнување потроши само пет сеони, додека Унгарецот242 гола постигна за осум сезони во Мадрид. Пред Роналдо, покрај Пушкаш, се и Сантиљана со 290 гола, Ди Стефано со 307 и Раул кој е стрелец на 323 погодоци за Реал. Роналдо изјави дека сака да стане најдобриот голгетер во историјата на Реал Мадрид а минатиот викенд против Малага постави нов рекорд. Во Примера Португалецот стана првиот фудбалер кој пет сезони во низа постигнува најмалку по 25 гола. Во првата даде 26, во втората 40, потоа 46, па 34 и оваа сезона 25 на десет кола пред крајот.
Кристијано е во лов на титулата прв стрелец во Лигата на шампионите во една сезона. Актуелни најдобри се Алтафини со 14 гола за Милан во сезоната 1962/63 и Линонел Меси од Барселона пред две сезони. Португалецот е моменто со 11 гола во само шест натпревари, што е убедливо најдобар просек.