Судири на протестите против ограничувањата за коронавирусот во Холандија
25.01.2021 10:50
Пожари беа подметнати во центарот на Ајндховен, каде што стотици бунтовници фрлаа со камења врз полицијата. Полицајците реагирале со солзавец и со водени топови и уапсиле десетици луѓе.

Немири избувнаа во два холандски града за време на демонстрациите против мерките за ставање по контрола на коронавирусот. Пожари беа подметнати во центарот на Ајндховен, каде што стотици бунтовници фрлаа со камења врз полицијата. Полицајците реагирале со солзавец и со водени топови и уапсиле десетици луѓе.
Демонстрации против ограничувањата се одржаа и во Амстердам, каде што полицијата употреби водени топови за да ја растера толпата.
Немирите се случија ден откако центарот за тестирање за Ковид-19 беше запален во селото Урк во првата ноќ на полицискиот час.
